•  
Информатичкиот систем за супервизија и известување (ИССИ) има за цел да го поддржи, олесни и забрза процесот на супервизија на хартии од вредност, кој станува се пообемен со текот на работењето. Системот претставува дигитализирање на добар дел од процесите во институцијата, и со тоа и основа за понатамошно унапредување на процесите, нови услуги и поквалитетни анализи на работењето на пазарот на капитал во земјата. Иако обемен во доменот кој го покрива, системот вклучува два клучни сегменти.
Првиот сегмент се однесува на корпоративните финансии и вклучува собирање, анализа и контекстуализација на податоците кои се добиваат од Македонска Берза и Централниот Депозитар на хартии од вредност. Овој сегмент од Системот е изработен целосно според Законот за преземање на акционерски друштва, со што претставува прв ваков систем кој ја регулира работата на овој сегмент од пазарот на капитал во Македонија. Со оглед на тоа што претходно известувањата, анализите и надгледувањето се изведуваа рачно, системот претставува значаен чекор напред за унапредувањето на работата на Институцијата, со што се подобруваат интерните процеси на работа, а автоматизацијата на процесите ги сведува потенцијалните грешки на минимум.
Вториот сегмент ја унапредува работата со и супервизијата на Друштвата за управување со фондови во врска со Инвестициските фондови со кои тие управуваат. Овој сегмент од системот е изработен целосно според Законот за хартии од вредност и Законот за инвестициски фондови. Податоците се агрегираат на дневно, месечно и периодично ниво, кои потоа ги анализираат Депозитарните банки, а понатаму и Комисијата за хартии од вредност.
loading
icon

icon